Wednesday , January 17 2018

Педро сака да се врати во Шпанија

Напаѓачот на Челси, Педро Родригез сака да го напушти нашиот клуб откако помина само една сезона во Лондон.

Весникот на Барселона, Sport, пренесуваат дека шпанецот не верува дека ќе биде во првиот состав со доаѓањето на Антонио Конте и сака да се врати во својата родна земја каде ќе може да игра регуларно.

Валенсија и Атлетико Мадрид се заинтересирале за играчот но со оглед на тоа дека Челси сака да си врати голем дел од платените 30 милиони евра за овој играч тие ќе мораат да платат солидна сума за неговите услуги.

Весникот пренесува дека Валенсија имаат доволно средства за да го купат Педро но платата на Педро е преголема за овој клуб. Во случајот со Атлетико тие имаат доволно средства да го купат играчот и да ја исплаќаат неговата месечна плата но односот помеѓу овие два клуба е нарушен со купувањето на Диего Коста.

Виљареал исто така се интересираат но тие сакаат само да го позајмат играчот.

Како што пренесува весникот, Челси има поставено многу играчи на трансфер листата и еден од нив е Педро. Челси не е очаен да сака да го продаде играчот по секоја цена но доколку играчот сака да си замине тие нема да го запрат.

 

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...