Monday , December 18 2017

Chelsea FC

Во 1904, Гас Меарс го купи атлетскиот стадион Стемфорд Бриџ со цел да го претвори во фудбалски. Им беше понуден на локалниот Фулам, но понудата беше одбиена поради што Меарс се одлучи да основа клуб којшто ќе го користи стадионот. Поради тоа што веќе имаше клуб со име Фулам во населбата, за новиот клуб се одбра следната населба Челси. Имињата како Кензингтон ФК, Стемфорд Бриџ ФК и Лондон ФК исто така беа земени предвид како опции при одлуката. Челси беше основан на 10-ти март 1905 во барот The Rising Sun сега познат како Butcher’s Hook, наспроти денешниот главен влез на стадионот на Фулам Роуд и наскоро беа изгласани за влез во фудбалската лига.

Chelsea_Team_1905

Клубот успеа да се избори за промоција во првата дивизија во втората сезона од своето постоење и беше постојано во релација од прва во втора дивизија во нивните рани години. Во 1915 година екипата стигна до финалето на ФА купот каде подлегна на пораз од Шефилд Јунајтед и достигна до трето место во првата дивизија во 1920 година, најдобриот резултат дотогаш за екипата. Челси беа познати по тоа што знаеја како да привлечат голема публика и да направат засилувања со познати имиња, меѓутоа успехот им побегнуваше во времето на светските војни.

Поранешниот напаѓач на Арсенал и Англија, Тед Дрејк стана менаџер на екипата во 1952 и продолжи да го модернизира клубот. Го отстрани логото на клубот и со тоа прекарот „пензионери“. Тој го подобри системот за развивање на млади таленти и режимот на тренирање, ја обнови екипата со нови засилувања од пониските и аматерската лига и со тоа му го донесе на Челси првиот успех – освојување на лигата во 1954-55. Следната сезона УЕФА го основа купот на европските победници, но после жалба од фудбалската лигата и ФА на Англија, Челси беа убедени да се повлечат од натпреварувањето. После тоа клубот не успеа да го повроти успехот од 1955 и останатите години до 50-те го помина на средниот дел од табелата. Дрејк беше отпуштен во 1961 година и заменет од играчот-тренер Тими Дохерти.

Дохети изгради нова екипа од група на млади таленти кои потекнуваа од школата на клубот и Челси беше фаворит за освојување на титули за време на 60-те и беше блиску до успех неколку пати. За време на сезоната 1964-65 беа на пат кон тројна круна со титули во Лига купот, ФА купот и англиската лига. Успехот дојде во Лига купот, но во другите две натпреварувања клубот не успеа да биде триумфален. Во три сезони беа поразени во три полу-финалиња и беа второ пласирани во ФА купот. Под водство на наследникот на Дохерти, Дејв Секстон, Челси го подигна ФА купот во 1970 година со победа над Лидс Јунајтед од 2-1. Следната година дојде и првиот европски успех – титула во УЕФА Купот на Купски победници со победа над Реал Мадрид.

Кон крајот на 70-те и почетокот на 80-те беше турбулентен период за Челси. Во план беше амбициозен проект да се редизајнира Стемфорд Бриџ, но со тоа се појави и финансиска опасност за клубот. Неколку од главните играчи беа продадени и екипата падна во пониската дивизија. Понатамошни проблеми се појавија поради хулиганскиот менталитет на навивачите на клубот кои често создаваа проблеми до крајот на декадата. Клубот беше во својот најтежок период кога беше преземен од Кен Бејтс за номинална сума од 1 фунта, но до тој момент правата на Стемфорд Бриџ беа продадени на градежни инвеститори и со тоа постоеше можност стадионот да се загуби. На теренот беше слична ситуација, екипата дојде близу до пад во третата дивизија на Англија за прв пат во својата историја. Во 1983 менаџерот Џон Ниал направи импресивна екипа со минимални средства. Челси успеа да ја освои втората дивизија во сезоната 1983-84 и да се промовира во првата лига откако повторно беа релегирани во 1988. Но клубот веднаш успеа да се врати во најдобрата лига, освојувајќи ја втората дивизја во 1988-89.

После долга вистинска битка, Бејтс успеа да ги врати правата на стадионот во името на клубот со склучување на зделка со банките на инвеститорите откако се случи пад на глобалниот маркет. Формата на клубот не беше многу убедлива во новооформената Премиер Лига иако стигнаа до финалето на ФА купот во 1994 со Глен Ходл. Сè додека клубот не го назначи Руд Гулит како менаџер-играч, Челси немаше среќа со поголеми успеси. Успеа да доведе неколку значајни меѓународни играчи и во 1997 го доведе клубот повторно до освојување на ФА купот и му стави печат како една од најголемите екипи во Англија. Гулит беше заменет со Џанлука Виали којшто ја предводи екипата до триумф во Карлинг купот, повторно до европскиот Куп на Купски победници и Супер Купот на Европа во 1988 година. После тоа следеше и првиот настап за екипата во Лигата на Шампиони. Виали беше заменет со Клаудио Раниери кој го предводеше клубот до триумф во ФА купот во 2002 година и квалификација во Лигата на Шампиони.

Во Јуни 2003, Бејтс го продаде Челси на рускиот билионер Роман Абрамович за 140 милиони фунти. Над 100 милиони фунти беа потрошени на нови играчи, но Раниери не успеа да донесе титула на Стемфорд Бриџ со што беше заменет со Жозе Мурињо. Под водство на Мурињо, Челси стана петта екипа во Англија што успеа да ја освои Лигата две години по ред после втората светска војна (2004-05, 2005-06). Покрај победата во финалето на ФА купот (2007) и два Карлинг купа (2005 и 2007). Мурињо беше заменет од Аврам Грант, којшто ја предводи екипата до финале во Лигата на Шампиони кое што беше загубено на пенали против Манлестер Јунајтед.

WALLPAPER-1600_22__1512242a

Во 2009 Гус Хидинк повторно го предводи Челси до титула во ФА купот. Во 2009/10, неговиот наследник Карло Анчелоти ги донесе „сините“ до првата дупла круна со Премиер Лигата и ФА купот и успеа да го направи Челси првиот клуб кој што има постигнато повеќе од 100 голови во една сезона од 1963 година.

Во 2012 година, привремениот менаџер на клубот Роберто Ди Матео ја однесе екипата до својот 7-ми ФА куп и првата титула во Лигата на Шампиони, победувајќи ги Баерн Минхен 4-3 на пенали и со тоа стана првиот лондонски клуб кој ја има освено таа титула. Следната година Рафа Бенитез успеа да донесе повторно европска слава на Стемфорд Бриџ, кога ја освои Лига Европа против Бенфика со што Челси стана прва екипа со освоени две големи европски титули една по друга и една од четирите екипи, воедно единствена англиска екипа што ги освоила сите три големи клупски натпреварувања на УЕФА.