Tuesday , February 20 2018

Челси против Лестер Сити во Лига Купот

Челси во третотто коло од Лига Купот ќе игра против шампионот на Англија – Лестер Сити.

Тимот на Антонио Конте лесно се справи со противникот од второто коло, Бристол Роверс, со победа од 3-2 на домашен терен. Сега Челси ќе треба да се надигра со нашиот поранешен менаџер Клаудио Раниери.

Нголо Канте ќе се врати во својот претходен клуб откако се пресели на Стемфорд Бриџ ова лето. Челси ќе се сретне со Лестер Сити во купот за прв пат по 1965-тата година кога победи во финалето и тоа беше прво освоен трофеј во ова натпреварување за Челси.

Натпреварот ќе се одигра во неделата која започнува на 19-ти септември и овој натпревар Челси ќе го игра на гостински терен.

 

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

[Карабао Куп] Се запознаваме со нашиот противник

Минатогодишниот ЕФЛ куп, исто така познат како Капитал 1 куп, Карлинг Куп од пред повеќе ...