Tuesday , October 24 2017

За нас

1173717_10152310199839614_183853684_n

Македонскиот фан клуб на Челси е основан во август 2009 година како неофицијална поддржувачка група. По големиот интерес од македонската популација на старата страница дојде до идеја за основање на официјален фан клуб со цел да се зближат повеќе симпатизерите на популарните „сини“ во Македонија. Македонскиот фан клуб има регистрирано здружение на граѓани „Македонски поддржувачи на Челси ФЦ“ – Струмица со цел да им се доближи повеќе на фановите во Македонија. Моменталната бројка на официјални членови брои околу 50.

Официјализирање од страна на Chelsea FC

Македонскиот фан клуб е официјално признаен и од страна на Chelsea FC (Macedonian Supporters Club – Chelsea FC) во 2010 година со што ги има можностите да го преставува лондонскиот клуб во Македонија и да ја шири неговата популарност. Како официјален клуб го имаме правото да го преставуваме делото на Челси во Македонија. Со помош на нашите активности и проекти, сите финансии кои ќе бидат собрани ќе бидат искористени за потребите на овој фан клуб како и неговото проширување и одржување.

Основачи на здружението: Александар Велков и Борис Едровски

Членови на управен одбор: Дејан Милачески, Марио Мишевски, Зоран Илиевски

Facebook администратори: Дејан Таневски, Александар Ѓорѓиев, Кристијан Крстески, Филип Петрески, Иван Јакимовски

ЗМП Челси ФЦ

Банка: Тутунска Банка

Жиро Сметка: 210066874400159