Tuesday , February 20 2018

Челси испратиле огромна понуда за услугите на Џејмс Родригез

Челси денес испрати понуда вредна 60 милиону фунти за услугите на Џејмс Родригез од Реал Мадрд – пренесува Exress Sport.

Антонио Конте до сега потпиша со двајца играчи – Нголо Канте и Мичи Бачуаи, и сега сака да го засили својот тим со уште некој играч пред да заврши трансфер периодот.

Сините сакаат да го купат Родригез кој нема загарантирано прво место во тимот на Зидан. Родригез одлично се прикажа на Светското Првенство во Бразил пред две години но никогаш не се наметна како прв избор по неговиот трансфер од Монако во Реал Мадрид.

Колумбискиот интернационалец исто така не беше дел од тимот на Зидан во финалето од Лигата на Шампионите минатата сезона и сега може да се пресели ан Стемфорд Бриџ.

Родригез беше алтернатива во плановите на Конте – прв избор беше Ромелу Лукаку но тој трансфер нема да се случи како што наведе Роналд Куман и сега Челси своето внимание го сврти кон Родригез.

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...