Wednesday , January 17 2018

Хазард: Отпаѓањето од ЛШ ќе ни помогне во освојувањето на титулата во ПЛ

Хазард вели дека раното отпаѓањето од Лигата на Шампиони ќе помогне во освојувањето на титулата во Премиер Лигата. Како што вели тој, доколку продолжевме и во Лигата на Шампиони, ќе беше многу потешко да се бориме паралелно за титула и во Премиер Лигата.

„Бевме разочарани. Имавме играч повеќе и требаше да победиме.“

„Но, од друга страна, доколку успеавме да ги поминеме ПСЖ, ќе беше многу тешко да продолжиме да се бориме на сите фронтови. Можевме да загубиме се. Но, тоа можеби е предност во освојувањето на титулата во Премиер Лигата.“

“Отпаѓањето не остави лузна кај нас. Покрај трофејот од Лига Купот, ќе се обидеме да ја освоиме и Премиер Лигата. Тоа ќе биде добра сезона.“

Моментално сме на врвот на табелата со 67 бодови.

 

 

За Boris

bedrovski@gmail.com'
Ко-основач на македонскиот фан клуб на Челси за Македонија, основач на здружението на македонски поддржувачи ЧЕЛСИ ФЦ, графички дизајнер, веб девелопер.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...