Wednesday , January 17 2018

Фиго: Мурињо ќе го спаси клубот од оваа ситуација

Луис Фиго тврди дека Мурињо може да ги промени работите во Челси после лошиот старт на сезоната.

И покрај тоа што се наоѓаме на 16-та позиција, со само 11 освоени бодови, Луис Фиго кој работеше со Мурињо во Барселона и Интер, верува дека Мурињо е тој што ќе го врати Челси на правиот пат.

„Мислам дека животот на тренерите е таков. Резултатите не се гарантирани“ – вели Фиго.

„Не се сомневам дека Челси ќе се извлече од оваа ситуација, како што и направи многу пати порано, иако оваа можеби е најлоша ситуација.“

„Најважно е да верувате во Мурињо, неговата работа, а потоа ќе биде се полесно да се победува.“

 

 

 

 

 

 

За Boris

bedrovski@gmail.com'
Ко-основач на македонскиот фан клуб на Челси за Македонија, основач на здружението на македонски поддржувачи ЧЕЛСИ ФЦ, графички дизајнер, веб девелопер.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...