Tuesday , February 20 2018

Фабрегас: Почнувајќи од сабота, ситуацијата мора да се подобри

Фабрегас е амбициозен пред натпреварот со Вила во сабота, велејќи дека Челси може да ја освои Премиер Лигата и покрај лошиот старт оваа сезона.

„Да се биде во долниот дел од табелата е многу чудна ситуација за Челси. За повеќето од нас, тоа прв пат. “

„Сега знаеме како се чувствуваме и го мразиме тоа.“ – вели Фабрегас.

„Во Челси, секогаш сакаме да бидеме на врвот на табелата во Премиер Лигата, да се бориме да ја освоиме Лигата на Шампиони, да се натпреваруваме за секој трофеј. Јасно е дека оваа сезона работите не се на место, ние не играме на потребното ниво на овој клуб. Тоа мораме да го промени, почнувајќи од натпреварот против Астон Вила овој викенд.“ – смета Фабрегас.

Фабрегас вели дека мора да тренираат напорно за ситуацијата да се подобри.

„Ние мораме да работиме напорно, да планираме подобро и да играме подобро.“

Фабрегас сеуште смета дека може Челси да ја одбрани титулата во Премиер Лигата од минатата сезона и покрај лошиот старт оваа сезона. Вели дека е добро да се има таа амбиција за да се (ре)мотивира тимот.

„Жозе е најдобриот менаџер во историјата на фудбалот и воедно најдобриот кој што можеме да го имаме. Само тој знае како да ја поправи оваа ситуација. Тој секогаш донесува добри одлуки и сум сигурен дека повторно ќе го добиете најдоброто од нас.“

За Boris

bedrovski@gmail.com'
Ко-основач на македонскиот фан клуб на Челси за Македонија, основач на здружението на македонски поддржувачи ЧЕЛСИ ФЦ, графички дизајнер, веб девелопер.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...