Wednesday , January 17 2018
Traore
Traore

Траоре може да замине како позајмен играч во Ајакс

Челси најверојатно ќе го испрати Бертранд Траоре во Ајакс на една сезона како позајмен играч откако играчот изразил желба дека не сака да се бори за место во тимот на Челси бидејќи сака да игра редовно во првиот тим.

Младиот 20-годишен играч се очекуваше да остане во тимот на Стемфорд Бриџ за наредната сезона откако постигна четири погодоци во 16 натпревари минатата сезона.

Траоре ја помина сезоната 2014/15 како позајмен играч во Витесе и сега се очекува повторно да замине за Холандија со што Лоик Реми ќе остане како третта опција во нашиот клуб.

Според The Telegraph, Челси се откажува од желбата да донесе уште едно засилување за нападот и ќе останат со Реми како помошна опција за Диего Коста и Мичи Бачуаи.

Ајакс со нивниот нов менаџер Петер Бош, кој претходно му беше менаџер на Траоре во Витесе се најсилно заинтересирани за овој играч.

 

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...