Wednesday , January 17 2018

Среќен роденден! 6 години официјален македонски фан клуб

Ofiicial supporters club Macedonia го слави својот 6-ти роденден. Веќе шест години, секојдневно, комплетно ги информираме сите фанови на Челси во Македонија и Балканот, за случувањата во клубот.

Да се потсетиме дека единствено овој фан клуб е сертифициран директно од Челси, секоја сезона, со право да го претставува делото на Челси во Македонија.

10393882_10153052080134614_1107356107351236704_n

Веќе шест сезони добиваме сертификат, како и дополнителни документи, кои ни дават за право единствено ние да го претставуваме делото на Челси во Македонија. Во текот на овој месец, го очекуваме и сертификатот и за сезоната 2015/16.

Исто така, да потсетиме и дека веќе 4 сезони на стадионот Stamford Bridge стои наш транспарент со натпис „MACEDONIAN BLUES“.

И понатаму продолжуваме со истото темпо, со секојдневното известување за случувањата во клубот, како и дополнителни официјални информации кои можете да ги прочитате исклучиво кај нас. За тоа ќе се погрижи новиот тим кој наскоро ќе ја започне својата работа.10363783_952688844745281_6561319334027591058_n

За Boris

bedrovski@gmail.com'
Ко-основач на македонскиот фан клуб на Челси за Македонија, основач на здружението на македонски поддржувачи ЧЕЛСИ ФЦ, графички дизајнер, веб девелопер.

Поврзани новости

Јас тргнувам во борба, вие доаѓате со мене!

Загревање Почеток на јуни е, 2013-та година, сите верни фанови на Челси очекуваат само една ...