Tuesday , October 24 2017

[Преведена верзиja] Разговаравме со… Џек Бауерс

Иван(Челси Македонија) : Би сакал да те прашам дали би бил мој гост во еден мој текст за фановите во Македонија оваа недела. Би те прашал неколку прашања за гостувањата на кои си бил до сега ако може?
Џек Бауерс(Фан на Челси од Англија) : О, да, секако, ќе ми биде задоволство.

Иван : Ти благодарам пријателе. Да започнеме со… кое е твое прво гостување и од која година навиваш за Челси?
Џек : Навивам за Челси од кога имав 6 години, во 1997-та година, мојот татко е вистински навивач на Челси така да немав многу избор. Мојот прв гостински натпревар беше кога татко ми ме однесе на Шефилд Јунајтед кога победивме со 5-1.

Иван : Кој, според тебе, е најдобриот играч кој си го гледал во синиот дрес?
Џек : Добро прашање. Заради чистиот талент кој го поседуваше, морам да кажам Зола.

Иван : Кој е најдобриот натпревар кој си го гледал, без разлика дали на телевизија или од трибините, освен таа ноќ во Минхен?
Џек : Освен Минхен? Гостувањето во Барселона истата сезона.

Иван : (Со насмевка) Добро, имам едно прашање што можеби е глупаво, дали преферираш да навиваш за Челси на Стемфорд Бриџ или на гости?
Џек :Гостинските натпревари се секогаш подобри во смисла на атмосферата, момците се секогаш расположени за добра песна и навивање, исто така има повеќе лојални фанови на гостувањата. Но, Стемфорд Бриџ секогаш ќе биде специјално место.

Иван : Имам уште едно, на колку гостувања си бил до сега?
Џек : Во странство? Или во Англија исто така?
Иван : Се бројат и англиските.
Џек : Веројатно околу 25-30, тешко е да се каже колку точно.

Иван : Тоа е доволно. Кое е твоето омилено патување на гости?
Џек : Патување во смисла да се биде со останатите момци, атмосферата и песната сигурно е гостувањето во Прага во Европа Лигата, не се интересиравме многу за натпреварот (поради тоа што го имавме Бенитез) но двата ноќа во Прага беа неверојатни. Најдобриот гостински меч за мене беше истата сезона кога гостувавме во Лидс и откако губевме со 1-0, победивме 1-5.
Иван : Што е поважно за тебе, добра песна со момците или квалитетен натпревар?
Џек : И двете се еднакво важни, но ако едното не се случи, другото мора!
Иван : Сега се сетив, кога го спомна Лидс на гости, мислам дека зборувавме за тој меч во Скопје, кога нашиот сегашен херој Мозес постигна прекрасен гол, се сеќавам многу добро.
Џек : Точно така другар.

Иван : Кога сме веќе тука, ти дојде во Македонија пред година дена, дали ти се допадна посетата на Скопје и Охрид?
Џек : Оох, ја обожавам Македонија. Храната и пиењето беа одлични, луѓето се пријателски настроени, а Скопје е прекрасен град. Ти благодарам на тебе и татко ти што бевте толку добри со мене и што ме земавте од аеродромот и ме одведовте до хотелот. Иако тој беше грешниот хотел поради недоразбирање, сепак стигнав на време да се чекирам во вистинскиот (се смее).
Иван : Ти си секогаш добредојден пријателе, се сеќавам, имав два испита наредниот ден и не можевме да се сретнеме порано и да отидеме на некој пијалок, но вечерта беше поинаку. Поминавме прекрасно време а исто така и нашата прогноза беше точна, останавме во лигата (ова е шега поради тоа што таа вечер играа вест хем и Њукасл, доколку победеше вест хем, Челси ќе останеше надвор од опасната зона после 4 кола, тоа се случи и нашиот пријател на шега почна да пее “We are staying up” а јас му се приклучив)
Џек : (Се смее) We are stayin’ up, we are stayin’ up!

Our friend Jack Bowers in Ohrid, last year
Our friend Jack Bowers in Ohrid, last year

Иван : Знам дека сите сакаме да испиеме по еден пијалок или десет(како што вели нашиот пријател од Словенија, популарниот Супербој) кога сме на гости, кое е твоето омилено пиво од бројните гостувања?
Џек : Чешките и германските пива се многу добри, моето омилено веројатно беше Kolsch во Келн, останавме таму неколку дена пред да играме со Леверкузен на гости (2011-12).

Иван : Дали сега има група од повеќе луѓе, како поранешните „фирми“ што навиваат заедно секој викенд или пак луѓето одат индивидуално на гостувањата?
Џек : Па, има некои побројни групи (фирми) но повеќето од луѓето одат индивидуално на натпреварите

Иван : А пак кој е најсмешниот момент од твоите гостувања?
Џек : Оф…има толку многу!
Иван : Знам пријателе (се смејам).
Џек : Хмм…имаше толку многу шеги на патувањето во Прага. Смислувавме песни против Рафа Бенитез во текот на целите 90 минути а исто така и на полувремето. Беше премногу смешно.
Иван : Тој беше дебел шпански келнер, зарем не?
Џек : Секако, никогаш не бевме баш „заљубени“ во него, зарем не…

Иван : Последното прашање од мене, кое е гостувањето на кое си поминал најдолг пат?
Џек : Тоа беше минатата сезона во Киев, за натпревар што заврши 0-0!!
Иван : Ох, планиравме да отидеме заедно таму, заремне? На крајот нешто ми излезе, моите родители беа исплашени поради тоа што имаше конфликт во Украина бла бла…
Џек : Да, тоа беше прилично страшно место да се отиде во тоа време.

Иван : Ти благодарам Џек, се надевам дека не бев премногу досаден со прашањата (на шега).
Џек : Секако дека воопшто не пријателе, беше мое задоволство!
Иван : Cheers mate.

За Иван Јакимовски

ivajlo26@gmail.com'
Луд заљубеник во Челси од мали нозе како и во британскиот фудбал и воопшто култура, до таа мера што и кога ретко гледа друг спорт, секогаш навива за Британците. Го користи секој слободен момент за нови информации од Островот.

Поврзани новости

[Колумна] Денот кога засакав шпагети

Еден студен зимски ден, мало дете со штотуку наполнети 6 години седи на масата на ...