Monday , December 18 2017

Пиазон: Сакам да бидам стандарден во првиот тим.

Еден од најперспективните млади играчи на Челси, Лукас Пиазон изјави дека нема намера да остане во Челси.

Пиазон имаше одлична сезона пред две години во Витесе каде играше како позајмен играч но минатата сезона во Ајтрахт не помина најодлично и одигра само 11 натпревари во Бундеслигата. Моментално сака да напредува во кариерата и да биде стандарден член на некој тим.

“Не сакам да останам во Челси. Тоа би било само губење време бидејќи ќе имам шанса да играм само еднаш во две или три недели. Во овој момент сакам да се преселам во клуб каде ќе бидам стандарден во првиот тим.” – изјавил Пиазон.

Младиот Лукас има договор со Челси до 2017-та година.

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...