Thursday , November 23 2017

[Официјално] Три годишна позајмица на Квадрадо во Јувентус

Хуан Квадрадо се враќа во Јувентус каде потпиша три годишен договор за позајмица која е финализирана денес.

28-годишниот играч им се приклучува на Италијанските шампиони повторно бидејќи и минатата сезона играше во Италија. За Челси одигра само 15 натпревари. Во Челси дојде од Фиорентина во февруари 2015-тата година.

Квадрадо играше во финалето во Лига Купот каде ги победивме Тотенхем во март 2015-та година и во 12 натпревари од Премиер Лигата кога станавме Шампиони.

Оваа сезона со Колумбија тој го освои треттото место во Копа Америка и беше дел од тимот на Челси во пред-сезоната но не беше вклучен во натпреварите од Премиер Лигата ниту во Куп натпреварот.

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...