Monday , December 18 2017

[Официјално] Маркос Алонсо е нов играч на Челси

Фудбалскиот клуб Челси денес го купи Маркос Алонсо од Италијанскиот клуб Фиорентина.

Младиот 25-годишен шпанец игра на позиција лев-бек и е првиот одбранбен играч кој Антоние Конте го донесе во клубот откако претходно нашиот клуб го засилија напаѓач, голман и играч од средниот ред. Алонсо потпиша пет годишен договор.

Во својата изјава тој додаде: “Многу сум среќен. Ова е огромен чекор за мене во мојата кариера и мислам дека е вистинското место за мене. Време е да освојам трофеи. Лесна беше одлуката да се преселам тука. Моето семејство и пријателите знаат дека од секогаш сум сакал да играм за овој клуб и сум навистина возбуден за овој предизвик и се надевам да ги исполнам очекувањата заедно со моите клубски колеги.”

 

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...