Monday , December 18 2017

[Официјално] Кристијансен се сели во Борусија Монхенглајдбах

Адреас Кристијансен следната сезона ќе ја помине во Бундеслигата откако декес официјално потпиша договор со Борусија Монхенглајдбах.

Минатата сезона младиот 19-годишен играч беше вклучен во првиот тим на Челси. Тој своето деби го имаше во Capital One Купот за подоцна да се појави во ФА Купот и Премиер Лигата.

Минатиот месец Кристијансен го имаше и своето деби во репрезентацијата на Данска. Откако се приклучи во нашиот тим во 2012-та година тој играше во Премиер Лигата за играчи под 21 година како и УЕФА Младинската Лига и ФА Купот за Младинци.

Борусија Монхенглајдбах ќе играат во Лигата на Шампионите наредната сезона откако завршија на третатта позиција во Гермнаската Бундеслига.

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...