Wednesday , January 17 2018

[Официјално] Кенеди се сели во Ватфорд

Кенеди денес му се приклучи на тимот на Ватфорд како позајмен играч до крајот на оваа сезона.

Младиот 20 годишен напаѓач дојде во Челси од Флуминесе минатиот август и го имаше своето деби во синиот дрес на домашен терен на натпреварот против Кристал Палас.

Неговиот гол на гостински терен во март, кој го постигна по само 39 секунди беше најбрзиот гол во Премиер Лигата минатата сезона.

Кенеди одигра 20 натпревари за Челси на сите натпреварувања минатата сезона но сега ќе се развива во Ватфорд.

 

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...