Tuesday , October 24 2017

[ОФИЦИЈАЛНО] Давиде Запакоста и Дени Дринквотер се новите засилувања на Челси

Фудбалскиот клуб на Челси со заодоволство ни пренесува дека од денес во клубот се приклучуваат Давиде Запакоста од Торино и Дени Дринквотер од Лестер Сити.

Младиот 25-годишен Италијански играч од Торино може да игра како крило или како бек и веќе има одиграно натпревари за својата репрезентација. Со Челси потпиша четири-годишен договор.

Запакоста по својот трансфер изјави: “Ова е остварување на мојот сон – да дојдам да играм во Челси во Премиер Лигата е нешто што го посакува секој играч. Многу сум возбуден да бидам тука и со нетрпение чекам да започнам да работам со тимот. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата која ми се укажува пред тренерот, соиграчите и фановите.”

Техничкиот директор Мајкл Еменало додаде: “Давиде е интернационален играч од калибар кој е добро познат на Антонио Конте. Ние сме задоволни што успеавме да го доведеме во нашиот клуб и веруваме дека успешно ќе се снајде тука.”

Запакоста има одлична комбинаторика за одбранбен и напаѓачки фудбалер и знае добро да нафрли топка од десната страна. Тој има одлична енергија и кондиција со што без проблем може да одигра натпревар од 90 минути и да биде спремен за наредниот ден повторно да ги брани боите на клубот. Тој е брз и има одлична техника еден-на-еден.

Дени Дринквотер е официјално играч на Челси откако го комплетираше својот трансфер од Лестер Сити. Играчот потпиша пет-годишен договор со нашиот клуб.

Искусниот 27 годишен играч од средниот ред е нашето шесто засилување ова лето откако во тимот дојдоа Вили Кабаљеро, Антонио Рудигер, Тиму Бакајоко, Алваро Мората и Давиде Запакоста.

Играчот изјави: “Среќен сум што сум играч на Челси и со нетрпение чекам да започнам да играм. За мене ова беше долго патување но сега сум среќен и едвај чекам да му помогнам на клубот да освои многу трофеи.”

Техничкиот директор Мајкл Еменало додаде: “Дени не е само освојувач на Премиер Лигата туку тој има искуство и во Лигата на Шампионите кое нас ни е потребно во оваа сезона. Тој е одличен и борбен Англиски играч од средниот ред кој што има одлична техника на додавање и мислам дека со неговото доаѓање нашиот клуб ги зајакнува своите опции во средината.”

Дени Дринквотер ќе го носи бројот 6 додека Давиде Запакоста ќе го носи бројот 21.

 

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

[ФА Куп] 145-годишната традиција продолжува

ФА Купот е најстаро натпреварување на светот, имајќи свои корени во сезоната 1871-72, пред 145 ...