Monday , December 18 2017

[Официјално] Беговиќ е нов играч на Челси

Фудбалскиот Клуб Челси со задоволство потврдува дека трансферот на Асмир Беговиќ од Стоук Сити е комплетиран.

Голманот Беговиќ, кој има 28 години, потпиша четири-годишен договор, и е второто засилување во нашиот клуб по доведувањето на Радамел Фалкао.

Беговиќ изјави: “Среќен сум што му се приклучувам на Челси. Откако долго разговарав со менаџерот знам дека овој трансфер ќе ми помогне да се развијам и се надевам дека ќе бидем важен дел од овој тим. Со нетрпение чекам да се запонзаам со тимот оваа среда кога ќе одиме заедно во пред-сезонската тура.”

Тибо Куртоа ќе го задржи дресот со број 13 и Беговиќ сега го превзема дресот со број 1.

Беговиќ поминам пет години и шест месеци во Стоук откако се пресели од Портсмут во 2010-тата година.

Тој одигра 172 натпревари и брзо беше прв избор на голот на Британиа Стадионот. Тој го има постигнато и голот од најголема далечина во Премиер Лигата против Саутемтпрон во ноември 2013-та година.

Тој е роден во поранешна Југославија, но детството го поминал во Германија и Канада, каде беше претставник на тимот за играчи под 20 години на Канадана Светското Првенство пред да се приклучи на тимот на Босна и Херцеговина. Тој беше прв избор на голот минатата година на Светското Првенство во Бразил и досега има одиграно 41 натпревар за својата земја.

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...