Tuesday , October 24 2017

[Премиер Лига] 5 номинации за нашиот клуб во месец ноември

Нашата форма и успех во последните 2 месеци се очигледни, а освен табелата тоа го покажуваат и наградите од Премиер Лигата.

Имено, откако Антонио Конте и Еден Азар ги добија наградите за тренер на месецот и играч на месецот во октомври, сега имаме дури пет нови номинации за месец ноември од кои што се очекува голем дел да завршат во нашиот клуб.

 

pjimage-1
Антонио Конте и Еден Азар со своите награди за месец октомври

 

За месец ноември, освен Антонио Конте кој имаше 100% учинок и најверојатно втор пат по ред ќе ја добие оваа награда, номинирани се уште и Диего Коста и Педро за своите одлични натпревари против Евертон, Мидлзброу и тотенхем. Ако се знае дека Виктор Мозес беше прогласен за ПФА играч на месецот, јасно е дека неслучајно нашиот тим доминира во Премиер Лигата.

Исто така, прекрасниот погодок на Педро против нашиот градски ривал во сабота беше номиниран за гол на месецот, а пак негов ривал ќе биде прекрасниот соло продор на Еден Азар против Евертон кој го зголеми нашето водство на 4-0 на тој меч.

Номинираните голови на Азар и Педро за гол на месец ноември во Премиер Лигата
Номинираните голови на Азар и Педро за гол на месец ноември во Премиер Лигата

 

Да се надеваме дека еден одличен месец на нашиот клуб ќе биде заокружен со неколку индивидуални награди за нашите фудбалери. Исто така, многу е важно формата да продолжи на натпреварот против Манчестер Сити кој е последниот потежок противник на нашиот клуб оваа година пред мечевите против ВБА, Сандерленд, Борнмут и Стоук.

За нашите играчи и менаџер можете да гласате на следните линкови:

https://www.premierleague.com/news/149372

https://www.premierleague.com/news/149445

https://www.premierleague.com/news/149481

За Иван Јакимовски

ivajlo26@gmail.com'
Луд заљубеник во Челси од мали нозе како и во британскиот фудбал и воопшто култура, до таа мера што и кога ретко гледа друг спорт, секогаш навива за Британците. Го користи секој слободен момент за нови информации од Островот.

Поврзани новости

[Официјално] Маркос Алонсо е нов играч на Челси

Фудбалскиот клуб Челси денес го купи Маркос Алонсо од Италијанскиот клуб Фиорентина.