Wednesday , January 17 2018

На разговор со: Дидиер Дрогба

На колку години започна да играш во професионален клуб?

Започнав во Le Mans кога имав 18 години. А, пред тоа, на 15 години играв за Lavallois. После Lavallois играв и во други аматерски клубови. Но, Le Mans е мојот прв професионален клуб.

На кои позиции си играл?

Кога имав 11 години, играв како десен бек, за после тоа да почнам да играм како напаѓач. Мојот беше напаѓач и сакаше да ме види и мене како играм на таа позиција.

Омилен/значаен тренер?

Кога потпишав за Le Mans, тренерот беше многу важен за мене, бидејќи го напуштив аматерскиот свет и се приклучив кон професионален клуб каде што тренирав секој ден. Беше многу тешко. Тој ме учеше на многу работи за кои јас не знаев. Неговото име е Marc Westerloppe и моментално работи за ПСЖ.

Омилена музика?

Најмногу слушав африканска музика, амерички хип хоп. Францускиот рап беше популарен. Генерално, ја сакам музиката и слушам секаква музика. Го слушам Koffi Olomide. Тој е мноу познат во Африка.

Омилена облека?

Levi’s фармерки со Timberland обувки.

Моментот кога доби професионален договор?

Кога бев помлад, тренирав со аматерски клубови еднаш или двапати неделно, а после тоа морав да одам во школо.

Кога го потпишав мојот договор бев многу, многу сречен. Беше многу емоционален момент бидејќи тренирав многу за да дојдам до тој договор и бев горд да им покажам на моите родители што можам да направам. Си заминав од дома кога имав 18 години. Бев првиот од фамилиијата кој си заминува.

 

За Boris

bedrovski@gmail.com'
Ко-основач на македонскиот фан клуб на Челси за Македонија, основач на здружението на македонски поддржувачи ЧЕЛСИ ФЦ, графички дизајнер, веб девелопер.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...