Wednesday , January 17 2018
Football - West Bromwich Albion v Chelsea - Barclays Premier League - The Hawthorns - 23/8/15 Referee Mark Clattenburg shows a red card to Chelsea's John Terry Reuters / Suzanne Plunkett Livepic EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or "live" services. Online in-match use limited to 45 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications. Please contact your account representative for further details.

Мурињо сеуште не знае дали ќе се жали за црвениот картон на Тери

Нашиот капитен доби црвен картон на последниот натпревар од Премиер Лигата каде Челси го совлада ВБА.

Жозе Мурињо не се сложи со одлуката на судијата но верува дека доколку се жали на истата тоа ќе биде “трошење на време”.

Тери доби црвен картон од судијата Марк Клатенберг во второто полувреме откако направи прекршок врз Саломон Рондон. Мурињо нема добро минато кога се во прашање жалбите за црвените картони и верува дека доколку повторно покрене жалба врз овој картон резултатот ќе биде ист.

“Тоа ќе биде трошоње на време за нас.” – изјави Мурињо.

“Знам дека треба да се жалиме, но како што кажав тоа ќе биде трошење на време за нас. Матич против Барнли минатата година беше трошење на време. Куртоа.”

Куртоа доби црвен картон во натпреварот против Свонси Сити кој заврши 2-2. Мурињо изјави дека тој го спрема својот тим да игра со 10 играчи. Тој додаде: “Морам да работам со она што го имам на располагање а тоа е да тренирам со 10 играчи наспроти 11. Тоа го правевме додека бевме во Канада и мислам дека треба повторно да го направиме.”

“Мораме да знаеме што треба да правиме со 10 играчи доколку резултатот е во наша полза, мораме да знаеме што да правиме со 10 играчи кога губиме и кога резултатот е нерешен.”

“Кога игравме против Свонси игравме со 10 играчи и моравме да го смениме резултатот, додека на последниот натпревар требаше само да го задржиме резултатот.”

 

 

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

Јас тргнувам во борба, вие доаѓате со мене!

Загревање Почеток на јуни е, 2013-та година, сите верни фанови на Челси очекуваат само една ...