Wednesday , January 17 2018

Можни комбинации за поставата против Вест Хем

В понеделник Челси ќе ја започне својата сезона во Премиер лигата против ривалот од Лондон, Вест Хем. Тоа ќе биде прв лигашки натпревар на Конте и затоа вниманието на јавноста е свртено кон можните комбинации за поставување на тимот.

Голман
Куртуа влегува во оваа сезона како прв голман на Челси. Негова конкуренција во моментот е Асмир Беговиќ. Шансите да не биде прв избор против Вест Хем се мошне мали.

Одбрана
Во последниот подготвителен натпревар против Вердер Бремен ги видовме Бранислав Ивановиќ, Гери Кејхил, Џон Тери и Цезар Азпиликуета како четири клучни дефанзивци на Конте. Во одбраната на „сините“ нема многу други подготвени играчи. Курт Зума сè уште одмора по повредата на коленото, а Баба Рахман замина на позајмица.

Средина
Постои веројатност Канте да дебитира за Челси во првото коло в понеделник. 32-милионското засилување од Лестер може да игра на средината на теренот со Цеск Фабрегас или Немања Матиќ, а Оскар најверојатно ќе биде именуван за десетка.

Напад
Шпекулациите го поврзуваат Ромелу Лукаку со Стемфорд Бриџ, но дотогаш најверојатна опција за прв напаѓач останува Диего Коста кој се истакнуваше во подготвителниот период. Конте може да смета на новото засилување Michy Batshuayija, со Вилијан и Азар кои ќе почнат странично.

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...