Wednesday , January 17 2018

Магазинот „Во светот на Сините“ прераснува во Балкански магазин за Челси

Магазинот „Во светот на Сините“, чиј проект е на официјалниот македонски поддржувачки клуб ќе прерасне во Балкански магазин за Челси. Тоа значи дека кон нашиот магазин ќе ни се приклучат и група навивачи од Србија, Словенија и Хрватска, кои ќе имаат свој простор, односно свои статии во магазинот, кој ќе биде наменет за цел Балкан.

Неодамна го објавивме и петтиот број, благодарение на група навивачи на Челси кои секојдневно работеа на магазинот. Често фановите не прашуваат кога ќе биде објавен и шестиот број, бидејќи претходно најавивме дека ќе го издаваме магазинот секој месец, а еве веќе помина повеќе од еден месец. Причината за тоа беа напорите кои ги вложувавме за магазинот да прерасне во Балканси магазин за Челси.

Како и претходните броеви, така и шестиот број ќе биде во електронска верзија, но не ја исклучуваме можноста за понатаму да биде во печатена верзија.

Во прилог погледнете го петтиот број.

За Boris

bedrovski@gmail.com'
Ко-основач на македонскиот фан клуб на Челси за Македонија, основач на здружението на македонски поддржувачи ЧЕЛСИ ФЦ, графички дизајнер, веб девелопер.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...