Wednesday , January 17 2018

[Колумна] Мурињова Криза

Сите сме сведоци на лошите резултати кои ги бележи нашиот клуб на почетокот на сезоната. Па и на предсезонските натпревари. Моментално како што пишувам, Челзи се наоѓа на разочарувачкото 12 место. Позиција која што и кога сме имале лош тренер не сме ја доживеале на почетокот на сезоната или воопшто. Но сепак сите имаат верба во Мурињо дека ќе не врати на старите патеки. И јас имам. Но полека ја губам. Сега ќе објаснам зошто.
Case 1: Од самото доаѓање (враќање) на Мурињо во 2013 година, започна да ја применува 4-2-3-1 формацијата која што “за жал“ и до ден денес на ниту еден натпревар ја нема променето. Што е причината за тоа? Ниту ние самите фанови сѐ уште не знаеме. Факт е дека имаме добра плејмекерска средина, но не може цело време исто. Секој натпревар со иста формација и иста постава. Таа тактика е веќе прочитана. Можеби лани имавме среќа бидејќи бевме доста поорганизирани и поефикасни, на чело со асистенциите на Фабрегас, разигрувањата и дриблинзите на Хазард и головите на Коста. Оваа година тоа некако исчезна. Нема игра, нема борба, а и противниците веќе ни ги научија слабите точки па затоа примивме катастрофални голови и се наоѓаме (за нас) катастрофално место.

Case 2: Јасно и очигледно е дека играчите се изморени, бидејќи нашиот “специјален” не знае да вметне друг играч или смени некој од почетната постава. Па еве еден прост пример – Ако досега се изиграле 200 натпревари во сите конкуренции (Тери, Ивановиќ, Аспиликуета, Фабрегас, Матиќ, Хазард и Коста) имаат стартувано на речиси 180 натпревари и повеќе. Разбирливо е дека се важни играчи и за клубот и пред се за играта, но за да бележиш добри резултати и да имаш “шарена” игра, потребни ти се промени односно замени. Имаме одлична клупа, доволно млади, но и искусни играчи за речиси секоја позиција и затоа е пожелно на секоја трет натпревар да стартува со комбинирана постава бидејќи така гради различна игра и свежа крв во поставата. И еве еден мал plot twist: А дали баш тие играчи се оние на кои Мурињо им се “закани” со седнување на клупа? ( Иако се осуди да го седне само Тери). Па да, не се чудете, тие се тие кои оваа сезона играат во не тоа препознатливо светло како што ги знаеме, да речеме лошо. Освен Аспиликуета. Сепак тие играчи не се виновни за тоа. Виновен е менаџерот. И помошник тренерот. И тренерот задолжен за нивната кондиција. Поентата на овој случај ми беше колку Мурињо повеќе ги меша играчите, толку сметам дека ќе биде подобро и за играта и за првотимците (кои што на некој начин ќе бидат поодморени и подготвени за следните предизвици). Патем, знаете дека Челзи секоја година се натпреварува на повеќе фронтови, на повеќе натпреварувања па затоа за да се бележат добри резултати и да се крене моралот на резервите, мора да им се даде шанса на оние од клупа и да се одморат оние кои што и во најобична и воопшто небитна утакмица кај господинот “специјален” се во првата постава и погодете – со истата формација нормално. Зарем мислевте дека ќе има нешто ново? Хаха, баш сте смешни.

1

Case 3: Не знам за вас, но јас во мандатот на Анчелоти и на Хидинк видов еден извонреден Челзи. Една екипа пожртвувана до самиот крај, максимално мотивирани за секоја утакмица и одлична хармонија помеѓу играчите а и најважно од се тимска игра во која нема поединец, туку сите играат еднакво и си ја извршуваат нивната задача. Па да речеме дека имаше и нешто слично и кај Ди Матео. Е сега ќе го пофалам Мурињо бидејќи токму тој кога замина во 2007 година ја создаде таа екипа, почнувајќи од главниот на голот Чех, “командантите за одбраната” – Тери и Ешли Кол, “генералите во средниот ред” – Лампард, Балак и Есиен, заедно со “ладнокрвниот убиец” [за голови нормално :)] Дрогба. А Хидинк и Анчелоти успеаја да ја искористат таа организираност, вметнаа свои карактеристики и специјалности во играта и со нивните наредби успеваа да стигнуваат до полуфинале во ЛШ, освојување на куповите (ФА, Карлинг Куп и Комјунити Шилд) и Премиер Лигата. И Мурињо успеа да ја освои лигата. И Карлинг купот. Но што со ЛШ? Епа таа негова проклета “одбранбеност” не кошташе пролаз во 1/4 финале, во навидум чудна а и од друга страна смешна партија на неговите избраници против “набилданиот” ПСЖ. Наместо да се искористи отсуството на нивниот најопасен играч Ибрахимовиќ поради црвениот картон уште во првото полувреме, тие си се бранеа како да имаа 2-0 предност од Франција и сега играат во Лондон колку за да се изигра. Дури не се ни виде засегнатост кај него, напротив тој им диктираше од клупа како да се движат во одбраната наместо да притискаат и да постигнат гол кој ќе биде важен за целосниот натпревар а и за самата игра на играчите. Може среќно погодивме но и несреќно примивме гол. И тоа токму од нашиот екс играч, бушавиот Луиз кој после постигнатиот гол наместо да се смири и да оддаде почит кон навивачите и кон клубот кои што го направија познат и му ја донесоа славата која што ја има сега, скокаше и се радуваше како мајмун, дури и се излизга во стилот на оние легендарните напаѓачи. А тоа е сигурно за провокација кон Жозе. Во Case 4 ќе има наведено.

Во продолжение постигнавме гол од пенал на кој нашите радости ги прекина уште еден дефанзивец, овојпат нивниот капитен Тиаго Силва.
И така бевме несреќно и на некој начин чудно елиминирани и сите знаевме кај кого е вината. Кај Хозе “спешл уан” се разбира. Но чекајте, судиите биле виновни за оваа бламажа. Така изјави нашиот португалец на клупата, бидејќи за него судиите се секогаш виновни за неговата лоша игра. Некогаш го оправдувам, но за овој натпревар подобро да си признаеше. Впрочем, кога тој има признаено пораз? Никогаш. Ќе биде брука пред новинарите и пресот. Него му е поважно што ќе изјави пред или после натпреварот отколку да ја среди екипата. И со таква досадна игра беа половина натпревари во Премиер Лигата, среќа што овде противниците се за нијанса послаби од типот на ПСЖ за да можат да те казнат. Не за џабе излезе онаа парола – BORING BORING CHELSEA. Да, ние им ја влепивме во фаца на хејтерите кога освоивме 2 титули на крајот, но реалноста болеше бидејќи беа во право за тоа. Како и да е, најважно е дека тогаш освоивме, но наместо да поправиме, ние ништо не реагиравме. И затоа е сега сево ова што го гледаме и дожувуваме.

23

Последен Case 4: Замислете сега колку би можел да ни биде поинаков нашиот состав да не беше Мурињо. Во екипата сигурно ќе ги имавме пред се нашиот миленик Хуан Мата, Кевин Де Брујн, Давид Луиз, Ромелу Лукаку, Андре Шурле и остала компанија. Овие горенаведени играчи заминаа од клубот само поради една причина. Добро можеби и повеќе но сепак првата и најглавната се знаеше – Мурињо. Токму that guy беше причината за нивното заминување и Arrividerci од клубот. Сега овие играчи се меѓу главните лидери во својот клуб. Можеби Челзи од аспект на бизнисот и парите направи солиден профит од нив, но факт е дека ако 70% од тие играчи останеа, заедно со оваа екипа ќе газеа се пред себе. Сепак на себичниот Моу не му се допаѓаа и им беше покажана излезната врата. Причина – или премногу млади или не толку активни во одбраната. Епа поради тоа сега страда и денешната екипа, поради тие главни две точки. Младите ретко добиваат шанса, а кој не игра одбрана, или ќе биде казнет со седење на клупа неколку натпревари или трансфер. А токму со вториот пример се соочува и е вклучен нашиот најдобар играч Хазард, кој според коментарите на Жозе : “Не игра толку добро во одбраната”. ПА ХАЗАРД ШТО ПОЗИЦИЈА ИГРА БЕ? И КОСТА ДА НЕ ЌЕ ГО ПРОДАДЕШ ОТИ НЕ ПРЕСЕКУВА АКЦИИ НА ПРОТИВНИЦИТЕ?

Дефинитивно не можам да го разберам. Можеби сум и премногу критичен кон него ама се што спомнав е реално и точно и секој што има да каже нешто против може слободно. Но знам дека ќе нема никој бидејќи се е вистина и дека на сите нас ни се смачи веќе оваа Мурињова политика. Добро освен неговите “лижавчиња” кои мислат дека ако го бранат се сметаат за стари фанови на Челзи. НЕ! Никој не е поголем од клубот. Јас го пишувам ова бидејќи ЧЕЛЗИ бележи слаби резултати, а не тренерот или играчите. И да, се согласувам дека можеби е ова само лош старт и дека можно е да не врати таму каде што припаѓаме ама сметам дека колку подолго ова трае без да се реагира со неколку солидни трансфери или смена на формација и игра, нема да има никаков резултат. Т.е ќе има – со бркање на Мурињо од клупата ако има храброст нашиот газда Абрамовиќ да се одлучи на таков чекор. Дефинитивно мора промена. Инаку ќе се изрезилиме и како клуб, и како навивачи. И него му е тешко и уверен сум дека прави се што е во можност, но сега за сега нема впечатлив резултат. Не му ја заборавам неговата љубов спрема клубот, неговото познавање за него, пожртвуваноста, респектот што го има од играчите и за играчите, и за нас фановите нормално. Ниту пак оној бакнеж на амблемот кога рече дека овој тим ќе го водам секогаш кога ќе ми се пружи можност. И онаа емотивно радување против Ливерпул кога им ја одзеде титулата славејќи со удирање на Челзиевиот амблем на градите. Верувајте, бев најрадосен кога дознав дека се враќа повторно. Кога сите фанови го навредуваа, прв го бранев. И го докажав тоа со освојувањето на титулите и со факти и статистики кога ги водел другите клубови. Но кога нешто ќе излезе надвор од контрола, посебно во оваа ситуација, перцепцијата веќе не ми е иста. Надежта полека ја губам. Се уште се тешам со една негова изјава – “Оставете ме уште 3-4 години во Челзи и ќе ви создадам екипа за во иднина”. Епа ако е така зошто тогаш реалноста е толку болна и градењето на екипата оди толку тешко и неорганизирано? Каде се младите сили? Па дечките бележат извонредни резултати секоја година и никако да се повикаат во првиот тим, само се праќаат и шетаат по позајмици за на крај да останат просечни фудбалери наместо ѕвезди како што посакувале.

Останувам на моето, и убеден сум дека се што пишав е точно и реално а сигурно ќе се согласат и постарите фанови но и оние кои навистина се засегнати и загрижени за клубот и бараат решение за нејзин спас и враќање на победничките патеки. Затоа што овие точки доаѓаат од фан кој што 11 години неуморно, страсно и вистински навивал за клубот досега. Мурињо можеби е најдобриот тренер што го имал Челзи, но мојата желба е да не е “меѓу” најдобрите и да се отргне тоа “можеби”, туку со сигурност да се потврди дека е. А како? Тој сигурно самиот знае која е најголемата радост на фановите, на што тој треба да им се оддолжи и какво legacy да остави во екипата и во клубот ако дојде случај тој да замине од Челзи.

4

“Челси е нешто специјално во мојот живот, и кога и да им бидам потребен јас ќе дојдам туга и никогаш нема да ги игнорирам фановите. Не можам да ја одбијам мојата љубов.” – Жозе Мурињо

Автор:

Трајче Андреев

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...