Wednesday , January 17 2018

Интересни факти што секој фан треба да ги знае

Велат немаме историја, се сомневаат во нашите постигнувања низ времињата. Еве како да им се спротивставите на оние кои се сомневаат без аргументи и причина. Едноставно соочете ги со бројките. Тие не лажат. Ова се факти поврзани со нашиот клуб Челси ФЦ:

  1. Гус Миарс (Gus Mears) го купил стадионот Стемфорд Бриџ во 1905 и сакал да го претвори во фудбалски терен. Тимот Челси е основан подоцна поради финансиска немоќ на актуелните тимови да го купат теренот. Сите останати тимови за кои историјата знае се основани прво како тим па потоа стационирани на свој стадион или градат стадион.
  2. Челси е основан на 10-ти март 1905 во пабот The Rising Sun кој сега во Лондон го носи името The Bucher’s Hook. Во моментот на основањето тие го имале грбот на пензионерите и затоа до ден денес го носат надимакот „пензионери”. Ова лого било актуелно се додека Тед Дрејк не дошол на чело на Челси како менаџер и го модернизирал клубот.
  3. Најголемата забележана победа во официјален натпревар на клубот е против Виган (мај 2010) и Астон вила (декември 2012) и изнесува 8-0, и двете забележани на домашен терен. Најголемата победа остварена во натпревар со најмногу голови е против Глосоп во 1906 каде Челси победил со 9-2. Тоа бил меч од тогашната втора дивизија.
  4. Во сезоната 1997/98 тимот на Челси одиграл еден од најтешките натпревари во неговата историја, и тоа 120-тина километри од Арктичкиот круг. Во еден момент, условите за игра биле толку отежнати што натпреварот морал да биде прекинат за да се исчисти снегот кој ги покрил линиите на теренот, со што тие биле невидливи.
  5. Челси е дел од неколку филмови снимени со фудбалска тематика. Еден од нив е филмот The Great Game во кој актери се играчите од тимот од 1930 и кој вклучува неколку сцени снимени токму на Стемфорд Бриџ. Други филмови во кои се појавува тимот на Челси на било каков начин се и The Football Factory и Jhoom Barabar Jhoom.
  6. Познати песни поврзани со клубот се комичната композиција On the day that Chelsea went and won the cup (кој ги опишува серијата неверојатни случки кога Челси конечно освоил трофеј), “Blue is the colour” (официјално препознатлива како тематска песна на клубот која била број 5 на британската музичка листа во 1972г.), “Blue Day” (изведена од составот на Челси и артистот “Suggs” од групата Madness во 1997) како и композицијата “We’re gonna win” (која Брајан Адамс ја посветил на клубот како навивач на Челси).

За Boris

bedrovski@gmail.com'
Ко-основач на македонскиот фан клуб на Челси за Македонија, основач на здружението на македонски поддржувачи ЧЕЛСИ ФЦ, графички дизајнер, веб девелопер.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...