Monday , December 18 2017

Активности

1173717_10152310199839614_183853684_n

Годишна Програма на Македонскиот Фан Клуб на Челси, Сезона 2015/16

Македонскиот Фан Клуб на Челси ја нуди следната годишна програма усвоена од управниот одбор:

1. Македонскиот Фан Клуб на Челси ФЦ воведува членарина за сезоната 2015/16 во која на секој нов (или обновен член) му се доделува членска картичка и фан маичка. Висината на членарината изнесува 600 денари за новите членови и 450 денари за оние кои сакаат да го обноват своето членство.

2. Македонскиот Фан Клуб на Челси ФЦ ќе организира групно следење на натпревари во кои ќе настапува Челси во повеќе градови од Македонија. Организатор на овие собири доколку е во можност ќе биде некој претставник на фан клубот, доколку во некој градови нема официјален претставник тогаш собирите ќе ги организираат волонтери.

3. Македонскиот Фан Клуб на Челси ФЦ еднаш годишно на 19-ти мај во повеќе градови во Македонија ќе организира крводарителска акција. Овој датум е симболичен за нас, фановите на Челси како ден кога нашиот клуб беше крунисан како шампион на Европа. (дополнителни детали следат наскоро)

4. Македонскиот Фан Клуб на Челси ФЦ заедно со останатите фан клубови еднаш годишно ќе организира турнир во мал фудбал во Скопје (дополнителни детали следат наскоро)

5. Македонскиот Фан Клуб на Челси ФЦ ќе организира посета на натпревари во кои ќе настапува Челси ФЦ. Натпреварите од Лигата на Шампионите како и пријателските натпревари се приоритет поради локацијата. (дополнителни детали следат наскоро)

6. Управниот одбор на Македонскиот Фан Клуб на Челси ФЦ два пати годишно ќе одржува собрание за дискутирање на желбите и коментарите на нашите членови.

7. Дел од средствата собрани од членарината ќе бидат искористени за награден фонд со кој Македонскиот Фан Клуб на Челси ќе набави оригинални Chelsea FC производи и ќе им ги додели на своите членови преку наградна игра. (дополнителни детали следат наскоро)

8. Дел од средствата собрани од членарината ќе бидат искористени за Македонски Трофеј кој ќе му биде испратен на играчот на сезоната кој ќе биде избран од нашиот клуб. Трофејот ќе биде изработен да се карактеризира со Македонија.