Tuesday , February 20 2018
during the Premier League match between Watford and Chelsea at Vicarage Road on August 20, 2016 in Watford, England.

Азар: Повторно ќе победуваме

Двете последователни победи на почетокот од сезоната го покажаа борбениот дух и желбата на тимот за победа.
Еден Азар верува дека главната причина за добрата игра е Антонио Конте и дека тој ќе ги врати победничките денови на Стемфорд Бриџ.

„Атмосферата во тимот е фантастична. Дури и за време на тренинзите сите сакаат да победуваат. Ги добивме двата натпревара заради овој победнички став“, изјави Азар за официјалниот веб-сајт на Челси.

„Се уште сме на почетокот од сезоната, но ако сакаме да бидеме на врвот мора да победуваме без изговори. Конте е добар менаџер, верува во нас и се обидуваме да му возвратиме. Победите ги посветуваме и на нашите фанови. Повторно ќе победуваме. “

Тој истакна дека биле свесни дека натпреварот со Ватфорд може да биде тежок и затоа победата е слатка.

„Среќен сум што сум играч на Челси и задоволен сум со одличниот старт на сезоната. Веќе ја знаеме идејата на нашиот менаџер и тој се обидува да не научи да играме победнички“, заврши Белгискиот напаѓач.

За ace6vel

Претседател на Македонскиот Фан Клуб на Челси и ко-основач на првата официјална македонска поддржувачка група на Челси. Автор на повеќе текстови на порталот и кратки содржини на Facebook групата.

Поврзани новости

[Најава] Во турнеја по историја

Загревање Доаѓа Божик, распоредот е се погуст. Во овие 7 дена имаме 3 натпревари, од ...